четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 74

Македонците во споредба со државните институции никогаш не капитулирале

StefanVlahovMicov(1)

Последни вести

Не е потребно нашироко да го аргументираме горенаведеното тврдење. Доволен е фактот дека македонската самосветс и име /идентитет/ се зачувани околу три милениуми, а македонските државни институции постојат одвај во една третина од нив. Зошто идентитет бил појак од државните институции? Затоа што основа на македонската самосвест и идентит бил космополитизмот и демократизмот. И во античката, и во средновековната македонска држава, и во борбите за нивно воскреснување во ново време, принципот за управување бил истовремено централиситички со директна демократија. Тој принцип изгледа контраверзен, но античката македонска држава се зачувала околу осум века преку поделба на власта меѓу монархот и народот. Сепак овој оригинален потфат, непознат и во античкиот и во подоцниот свет, тешко можел да опстои, затоа Самуиловата држава издржала само половина век, а независните владетели Стрез, Добромир Хриз, Алексиј Слав уште пократко време. Класичниот тип на држава бара хиерархија и институции, кои посредуваат помеѓу државните лидери и граѓаните. Само што, македонскиот демократски поглед на светот признава лидери доколку биле еднакви помеѓу еднаквите. За да успеат македонските држави, најпрвин треба да има државници, кои треба да ја охрабрат, да го потенцираат нај вредносното, најхеројското, нај достоинственото во психата и дејствијата на македонскиот народ. А, бидејќи, надвор од македонските кралеви Филип Втори, Александар Трети, Самуил, такви државници биле малкумина, македонските држави слабееле и се губеле.

Со два збора, македонското слободарство било спротивно на хиерархиските структури, на државата од класичен тип. Во последниве децении во цел свет бирократијата расте со невидена брзина, а тоа ги задушува народите како што е македонскиот. Бирократијата е орудие на партискиот систем и партиското членство, тоа бара од неговата партија да ја преземе власта за да го стави во административните фотелји. Администрацијата во Република Македонија е веќе 10% од вкупното население и голем дел од нив се рамковно вработени. Т.е. ниту имаат сенс за функциите на кои се поставени, ниту пак работат, а само добиваат плата. На тој начин, тие директно крадат од трудот и платите на останатите граѓани и нанесуваат само штета на државата. Партиската бирократија е заинтересирана да ги брани само партиските, а не државните интереси, уште повеќе кога таа партиска бирократија е и етнички поделена.

Не случајно во последниве децении расте јазот во македонското општество: партијци од еден вид против партијци од друг вид, партијци против непартијци, вработени против невработени. Но, дури и целото македонско население да се трансферира во вработени административци /што е апсолутна фантазија/, тоа не може да ја спаси државата. Ниту една држава во светот не била спасена директно или индиректно од нејзината администрација. Бирократизмот ги уништува и странските инвестиции, и економијата и просечниот стандард. Затоа што прави сопки на приватната иницијатива, го нагризува ентусијазмот и активните дејствија на македонците. Наместо желба за изјава, за успеси и реализиација преку сопствен труд, нивната желба за позиции се остварува преку партиско членство. Ете зошто не државата, туку партиите се фактор. Од нив зависи и индивидуалната и семејната среќа. Оттука и илузијата дека партиите се безвремени. Никој не се прашува ако биде уништена државата, што ќе биде со партиите? Денешната наша психа е едноставна – партиите се сè, како и директивите од ЕУ и НАТО. Утре, кога реалноста ќе ни удри нова шлаканица, повторно ќе се жалиме дека сме биле жртви.

Во споредба со минатото, македонскиот идентитет се руши и од горе, и од долу. Идентитетот тогаш бил зачуван, затоа што македонската народна јатка опстојувала и се спротивставувала на странските освојувачи и на домашните предавници. Јазот бил помеѓу поткупливата елита и обичните македонци поделени партиски, религиозно, индискриминирани со странски парични ињекции. Во почетокот на 21. век, поетот Гане Тодоровски напиша: Стига да ни се живи мртвите/ Тој вруток семакедонски! Во моментов прашањето е спротивно: Што да правиме ако ни се мртви живите? Македонија има два симболи: таа е земја на Херои и земја на Голготи.

И тоа изгледа контраверзно, но е вистина. Затоа што во споредба со официјалните институции, македонците никогаш не капитулирале. Затоа и меѓу македонските истроиски споменици мал дел се носители на официјални функции (кралеви, политичари), притоа има и такви кои не заслужуваат свои споменици. Повеќето се бунтовници, револуционери, преродбеници, војводи или пак во ново време  на писатели, научници, уметници.

Македонските херои се симбол на македонскиот непокор, на македонската борба за слобода и независност. Тие се бореле за држава, ама за народна држава, за тоа секој да биде свој на своето. Тие се бореле за демократија (бидејќи биле демократи по дух), ама за природна, а не вештачка демократија дојдена однадвор, со странски сугестии, уцени и пари. Нашите вистински херои никогаш не биле ставени од некого на функција, не биле гласани на партиски форуми, не спроведувале туѓи директиви. Тие биле доволно паметни и цврсти сами да преземат обврски, да преземат одговорност пред македонскиот народ, неговите традиции и идентитет. Биле ценети по нивните дејствија, а не по нивните зборови, по оствареното од нив, а не според ветувањата.

Правдањата на некои македонски премиери и претседатели по осамостојувањето во 1991 година за катастрофата во која што се наоѓаме како народ и држава, ДОКАЖУВА ДЕКА НИ Е ПОТРЕБЕН ЕДЕН ЗАКОН ЗА СУДЕЊЕ НА ВИНОВНИЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА КАТАСТРОФА. Вистински закон, а не како тој за лустрација која всушност спаси партиски бандити. Судбината ни е, за жал е слична на таа на Сизиф „/тајната на одот наш низ вековите/ бездруго е во тоа што повеќе пати почнуваме од нулата велеше ГанеТодоровски/, но подобро е да зацрташ  24 години, отколку целата своја историја и име  /идентитет/. Мора да бидат осудени сите, со чии потписи и гласање во Македонското Собрание беа сменети државните симболи на Македонија, ревидиран македонскиот Устав, потпишана капитулација во Охрид во 2001 г., повторно беше ревилиран Уставот, тие кои го изгласаа Законот за територијална поделба во 2004 г. Ако не биде укинат новиот капитулантски договор од Пржино со сите неуставни штети кои и ги прави на држвата, да бидат судени и неговите потписници и спроведувачи во Собранието.

За малку повеќе од две децении македонските државни имституции капитулираа неколку пати, но македонците не капитулираа. Независно дека политичарите капитулира „во наше име“. Затоа и ние граѓаните имаме голема вина. Во 2001 г. повеќе од 7000  бранители, резервисти си беа со албанските банди, а каде беше нашата војска, каде беа нејзините началници? Немале дозвола од претседателот, од премиерот, од НАТО да ги уништат бандитите. И потоа следеше капитулација на државата преку највисоките институции. Проблемот е дека за разлика од  минатото ние прифативме капитулација. На истиот начин на кој ја прифативме референцата .Не можеме да сфатиме дека државата  сме сите ние. Државните институции мора да ни служат на нас, а не на  тие кои привремено се во нив. Тоа значи дека ако некој претседател, премиер, партиски лидер итн. одлучат да капитулираат МОРА ВЕДНАШ ДА БИДАТ СМЕНЕТИ. На било кој начин – преку протести, бунт, востание. Таа шанса беше испуштена во 2001 г.

Во споредба со македонските државни институции, македонскиот народ никогаш не капитулирал. Бил уништуван политички/преку уништување на државата/но, не и етнички. Ама, политчкото опстојување секогаш било проблем, затоа што во продолжетокот на милениумите сме се откажувале од улогата на политички суверен народ. На оттуѓени државни и политички лидери сме ја оставале државата и потоа сме страдале. Денес, зачувувањето на нашето име/идентите/ е поврзано со осптојувањето на македонската држава. Затоа, не смееме да потклекнеме на политички или партиски уцени и манипулации.

Ние граѓаните, мора да си ја вратиме државата во свои раце, каква што ја гласавме во 1991 г.: независна и самостојна. Да си го вратиме тогашниот Устав со сите одредби и државни симболи, судски да ги казниме сите кои подоцна ги укинаа. Да не дозволиме нова политичка капитулација како во 2001 г. Претседателот веќе направи чекор кон таква капитулација кога не го спречи законски Пучот што се случи минатата година. Државата е наша, а не на политичарите, независно дали се „рамковни“, службени или технички. 2001 г. МОЖЕ ДА СЕ ПОВТОРИ САМО КАКО ТРАГЕДИЈА ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА ПРОДАВААТ НАШАТА ДРЖАВА, т.е.КОИ НЕ ПРОДАВААТ НАС, НА СТРАНЦИТЕ.

 

 

Најчитани вести