Македонците го препознаа сценариото кое се случува против Македонија и застанаа зад ВМРО-ДПМНЕ

заев
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ победија на предвремените парламентарни избори одржани вчера. Според 99,72 отсто преброени гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласа, додека опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 436.469 гласа. Според ова, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, додека СДСМ два помалку, односно 49.
Заев за ветувањата за федерализација и кантонизацијата на Македонија доби над 70.000 гласови, кои беа пресудни за конечниот исход. Според некои, оваа бројка е дури и поголема и победата на Заев исклучиво се темели на албанските гласови.
Македонците масовно застанаа на страна на ВМРО-ДПМНЕ, јасно го видеа сценариото кое се случува против Македонија и застанаа во одбрана на државата. Да не беа сите „матни игри“ и „дилови“ со албанското гласачко тело, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе беше повеќе од 100 илјади гласови.
Разликата со која победи ВМРО-ДПМНЕ би била многу поголема да не беа разно разни игри, но сега некој се обидува да ја „пегла“, да штелува резултати за да се намали ефектот на чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ.  Победата е многу поубедлива од прикажаната на ВМРО-ДПМНЕ, но сега некој со заткулисни игри и обиди за фалсификување на волјата на народот сака потполно да му ја одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од пребројувањето на гласовите во ДИК покажува дека победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата со освоени 16.240 гласови повеќе од коалицијата на СДСМ, но во исто време интересно е да се забележи и дека Државната изборна комисија регистрирала 37.812 неважечки ливчиња, од кои на 90 отсто е заокружен редниот број 1 на ВМРО-ДПМНЕ.

Како овие ливчиња завршиле како неважечки не е познато, но сигурно е дека разликата во конечната бројка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе била далеку поголема доколку овие гласови биле регистрирани како регуларни.

nevazecki-livcinja

Oва е невиден пример ДИК да реагира вака бавно. Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска подвлече дека се загрижени поради доцнењето на резултатите.

-Згрижени сме зошто претседателот  на ДИК, Чичаковски, денеска во 12 часот си заминал од ДИК со објаснување дека мора да оди да спие. Го немало од 12 до 19 часот на денот кој е најважен кога треба си ја заврши работата. Улогата на ДИК е еднаш во 4 или 2 години да спроведе во избори. На најважниот ден претседателот на ДИК решил да замине со изговор дека ќе спие од пладне до 7 навечер. Да каже дали во меѓувреме навистина спиел или отишол на консултации за менување на волјата на народот. Дури 7 часа да си заминат од местото каде што треба да ја констатира волјата е навистина индикативно, рече Ѓорчев.

Си оглед на силната поддршка од Албанците за СДСМ кои во текот на вчерашниот ден дури доаѓаа организирано со автобуси и автомобили и од Косово, не е тешко да се заклучи дека наскоро Заев ќе треба да им испорача резултат од опасниот договор, за да ги задоволи нивните очекувања.

Во текот на кампањата Заев отворено зборуваше за воведување целосна двојазичност во Македонија, за промена на уставот, за редефинирање на земјата, а претставници од албанската дијаспора пак, потврдија дека со него разговарале за федерализација и кантонизација на Македонија.  Заев од Берн исто така го слушавме како ветува нов рамковен договор, повеќе права за Албанците и во исто време како лицитира со националните интереси во замена за гласови.

Прашањата кои се поставуваат е како е можно Заев да победи во Арачиново, во Љуботен, Брест, Студеничани, Сарај, Шипковица?
ВМРО-ДПМНЕ има зад себе 452.000 гласови кои што се очигледно и тие намалени од нечии игри. Ова според познавачите е продолжување на сценариото, некој сака да продолжи кризата во нашата земја, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се спротиставстават на такво сценарио
ВМРО во својот статут има дека ќе ги штити интересите на Република Македонија, државните и национални. Како и секогаш, партијата и овој пат ќе застане во одбрана на татковината. Секаде каде што СДСМ победи, победи благодарение на албанските гласови.