Македонец амбасадор на Албанија во Унгарија

По предлог на Владата, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани, за нов вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Унгарија го назначи Ариан Спасе, дипломат од кариера, етнички Македонец од познато интелектуално семејство.

Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе, еден од најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. По потекло е од Глобочани, општина Пустец.

Новиот албански амбасадор во Унгарија, Ариан Спасе, бил дел од албанските дипломатски претставништва во многу држави, меѓу кои и во албанската амбасада во Вашингтон,САД.