Македонец фатен со 283 грама хероин

Државјанин на земјава е фатен со 283 грама хероин вчера на граничниот премин Прешево.

Дрогата се обидел да ја прошверцува македонски државјанин од турска националност, кој патувал со своите сонародници од албанска националност, од Македонија во Унгарија, пишува „Политика“.

При обидот на цариниците да го прегледаат возилото „БМВ 520“, кај еден од патниците забележале неприродно задебелување околу појасот. При претресот нашле три кесички со 283 грама хероин скриени под џемперот, закачени околу појас.