Македонец фатен со 29 килограми марихуана во Србија

Македонец кој се обидел да прошверцува 29 килограми марихуана во Србија, е уапсен на граничниот премин Батровци.

Осомничениот, на излезот од Србија кон Хрватска се обидел да ја прошверцува дрогата која била спакувана во 60 пакети и ставена во специјално направен бункер во возило со македонски таблички.

Од српското МВР информираат дека, во соработка со македонските колеги е пресечен уште еден канал на криумчарење со дрога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.