Македонец фатен со 8 килограми марихуана во Швајцарија

Македонец бил уапсен во Швајцарија откако бил фатен со 8 килограми марихуана, минатата недела на границата со Италија, јавуваат италијанските медиуми.
Македонскиот државјанин, возач на камион, дошол на граничниот премин Киасо во петокот околу 16 часот.

Камионот бил со македонски регистерски ознаки, а управуван од Македонец на возраст од 36 години.
Швајцарските цариници извршиле претрес на кабината и приколката на камионот, при што со куче тренирано за откривање на дрога ја откриле марихуаната. Дрогата била скриена меѓу полици во приколката.

Македонецот е уапсен, а проитв него е поднесена кривична пријава.