Македонец и Бугарин се офајдиле 160.000 евра од неплатен данок

Споственикот и управителот на фирмата „Рефус Трејд“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје заработија кривични пријави поради затајување на данок, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција.

Имени, македонскиот државјанин А.Д. и бугарскиот државјанин Д.В. во текот на 2011 и 2012 година не пријавиле и упратиле ДДВ и персонален данок на доход во вкупен износ од 160.000 евра.

Во периодот од овие две години, А.Д. до разни купувачи доставил 88 фактури за продажба на секунадарни суровини-отпад, за кои наплатил 18% ДДВ. Свесен за направеното кривично дело, два дена пред истекот на поднесување на задолжителна пријава за ДДВ во Управата за јавни приход, А.Д, кој е и основач на фирмата, сопственоста ја пренел на бугаринот Д.В.

Financial Police LOGO

Доказ дека преносот на сопственоста на фирмата е само параван за затскривање на криминалот, е и фактот што А.Д и откако формално-правно ја отстапил сопственоста на Рефус Трејд на Д.В, тој и понатаму продолжил да работи со фирмата, односно во име на фирмата „Рефус Трејд“ кон повеќе фирми продолжил да испорачува отпад а парите кои купувачите ги уплатиле, веднаш по трансферот ги подигнувал во кеш од сметката на фирмата на која сеуште бил овластен потписник.

Финансиската полиција веќе го уапси А.Д., а додека пак В.Д. сеуште не е на територија на Република Македонија.