Спорт

Македонец ја избегна големата трагедија на летот на „Џерман Вингс“

Македонец ја избегна големата трагедија на летот на „Џерман Вингс“

Екипата на шведскиот третолигаш Далкурд уште долго ќе го памети вчерашниот ден, бидејќи избегна сигурна смрт откако во последен момент фудбалерите и стручниот штаб решија да не се качат во авионот на германската компанија „Џерман Вингс“ кој вчера се урна во јужниот дел на француските Алпи.

Како што пишува Дерби.мк, составот на Далкурд се враќал дома во Борлење од Барселона и тој лет во прв момент им се видел како најдобра опција, бидејќи сите можеле да бидат сместени во ист авион. Меѓутоа кога сфатиле оти во Дизелдорф предолго ќе го чекаат следниот лет, за Шведска решиле да го променат планот кој на крајот се покажа и како полн погодок.  Меѓу членовите бил и поранешниот фудбалер на Вардар и поранешен македонски репрезентативец, Предраг Ранѓеловиќ кој за среќа ја избегна големата трагедија.

– Ние среќно стигнавме дома. Нашите мисли и молитви се наочени кон семејствата на настраданите патници, зошто можевме и ние да бидеме во тој лет – изјави директорот на клубот, Адил Кизли.

Извор: Дерби.мк