Македонија,Крими хроника

Македонец ја нападнал поранешната сопруга

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.М. (32) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

Пријавениот на 23 февруари околу 22.00 часот вербално и физички ја нападнал својата поранешна сопруга Л.М.  Додека таа била во централа на радио такси компанија влегол пријавениот ја удрил во пределот на грбот, упатувајќи и вербални закани дека ќе и ги земе децата.

По настанот, пријавениот Д.М. го напуштил местото на настанот.