Македонец и Мароканец регрутирале борци за ИД во Германија

Македонец и Мароканец регрутирале борци за ИД – Исламска држава.  Германската полиција информира дека денес се спроведени осум полициски акции во Берлин за пронаоѓање на лица за кои се верува дека се вклучени во активна регрутација на борци кои се приклучуваат на Исламска држава на боиштата во Сирија, пренесуваат новинските агенции.

Полицијата соопштува дека овластените лица неколку месеци наназад ги истражувале лицата кои планирале или биле вклучени во планирањето на криминални дејствија.

Македонец и Мароканец регрутирале борци за ИД во Германија
Македонец и Мароканец регрутирале борци за ИД во Германија

Рацијата започнала утрово во 6.30 часот, а меѓу другите на листата на полицијата се најдоа 51-годишен Мароканец, за кого се верува дека регрутирал борци и 19-годишен Македонец, за кого се верува дека во моментов е во Сирија и дека исто така е вклучен во регрутирање на борци.

Полицијата исто така спровела рација и во центарот на Берлин, односно во областа Темпелхоф – Шоненберг.

Според досегашните информации нема докази дека осомничените планирале вооружен напад во Германија.

Македонец и Мароканец регрутирале борци за ИД во Германија
Македонец и Мароканец регрутирале борци за ИД во Германија

Исто така, нема докази дека постои некаква поврзаност со минатонеделниот напад, кога Исламист пуштен на условно нападна полицаец.

Германските разузнавачки служби сметаат дека околу 600 германски државјани им се придружиле на џихадистичките организации во Сирија и Ирак.