Македонија

Македонец претепал фока во Хрватска

Македонец претепал фока во Хрватска

Педесет и шестгодишен Македонец е протеран на пет години од Хрватска бидејќи вознемирувал фока.

Имено, вчера околу 15:30 часот Македонецот бил во посета на посебна плажа со едукативен дел за забрана за вознемирување на строго заштитените животни, особено фоките.

Од големиот број на посетители, се издвоил Македонецот. Тој преминал преку лентите за забрана за движење, се доближил до една фока и почнал да ја удира. Неколку пати ја удрил во грбот и таа избегала од плажата во морето.

На местото на настанот веднаш пристигнала полиција која утврдила дека македонскиот државјанин го прекршил Законот за заштита на природата. Судот му изрекол казна од 1500 куни, кои Македонецот ја платил на лице место.

Полицијата утврдила и дека овој човек незаконски престојува во Хрватска, бил уапсен и протеран од Хрватска со забрана 5 години да се врати назад.