Македонец, Сириец и Босанец силувале загрепчанка

Тројца државјани на БиХ, Сирија и Македонија кои барале азил во Хрватска, се уапсени затоа што во Загреб дрогирале и силувале 22-годишна девојка.

Полицијата против А.Х. (40) од БиХ, потоа Б.А. (30) од Сирија и И.С. (43) од Македонија поднесе кривична пријава за силување, а злосторничката тројка е во истражниот затвор во Реметинец.

Неименуваната жртва раскажала дека била силувана во четвртокот во собата во објектот во кој се сместени тројцата мажи. Прво ја опијаниле, па и дале и таблети и на крајот ја силувале. Девојката рекла дека била свесна, но не можела да мрдне поради влијанието на алкохолот и дрогата.

На жртвата и е земена крв, а се чекаат токсиколошките наоди. Сите тројца уапсени го негираат делото, додека босанскиот државјанин и Сириецот тврдат дека сексот не бил присилен туку доброволен. Македонцот тврдел дека воопшто немал односи со девојката. Исто така тврдат дека девојката одлучила да ги пријави откако одбиле да и дадат пари кои ги барала за сексуалните услуги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.