Македонија

Македонец со два метра колбаси привлекува гости во Нов Зеланд

Македонец со два метра колбаси привлекува гости во Нов Зеланд

Готвачот Гоце Најдовски (45) од Сопотница во неговиот ресторан во Нов Зеланд ги дочекува со по една чашка ракија и вода, пишува Дневник. Им објаснува од каде потекнува обичајот и им посакува добредојде. И така ги плени. Повеќето од нив стануваат редовни муштерии на ресторанот „Бела Бамбина“ во Ротсеј Беј, Оукленд. На нивната интернет-страница пишува дека нудат италијанска храна, јадења што потекнуваат од Македонија, Грација, Бугарија, Русија.

„Готвачот е Македонец и ужива да ги дочекува гостите со ракија – македонски пијалак што потсетува на грапа или сливовица. Ќе уживате во топлата семејна атмосфера. Има и бесплатно изненадувања за децата – топла чоколада и сладолед“, пишува на страницата на ресторанот.

Најдовски завршил угостителско училиште во Kрушево. Отишол во Нов Зеаланд пред повеќе од десет години. Вели дека живеел во Австралија, Kина, Швајцарија, Италија, Германија, Австрија и во многу други земји. Решил во Нов Зеланд да помине година, две, да види како е.

– Ама многу ме бендиса и останав. Се запознав со сопругата, која по потекло е од Kина и по една година ни се роди ќеркичката Марија. Така полека пуштив корени во Нов Зеланд и останав долго. Иако сум тука со телото, мојата душа уште е во Македонија. Ми недостасуваат роднините и пријателите – вели тој.

Целиот текст прочитајте го тука.