Македонија

Македонец со револуционерно откритие ќе спасува животи

Македонец со револуционерно откритие ќе спасува животи

Докторот Гоце Дименски го води тимот истражувачи од Универзитетот во Квинсленд кој со револуционерно откритие ќе спасува животи.

Иако отровот на змиите е опасен и предизвикува засирување на крвта, овие научници откриле начин со кој го користат отровот за побрзо да ги добијат резултатите од тестовите за крв на пациентите кои претходно имаат примено лекови за спречување на засирување на крвта.

Д-р Гоце Дименски вели дека отровот помага во добивање побрзи и поточни резултати од крвните тестови.

„Гледајќи клинички, резултатите ќе бидат достапни за побрзо време. Постои можност за намалување на болничкиот престој за пациентите и зголемување на шансите за преживување, а со тоа и спасување нечиј живот“, вели тој.

Извор: Факултети.мк