Македонец уапсен во Драч со над два тона марихуана

Македонски државјанин е уапсен во Драч откако се обидел да прошверцува  2.250 килограми марихуана наменета за италијанскиот пазар.

Четириесет и едногодишниот А.Н. од Скопје, кој работи како возач на камион е уапсен во откако во возилото биле откриени 2.250 килограми марихуана. Дрогата била откриeна при рутинска контрола на терминалот, пред возилото да биде натоварено на траектот „Бридге“ кој сообраќал на релација Драч-Бари. Возилото транспортирало мебел.

Дрогата била спакувана во 45 големи вреќи секоја со тежина од по 50 килограми. Возачот е во притвор и ќе одговара за недозволена трговија со дрога.