Македонец уапсен во Србија, сакал да прошверцува марихуана

Македонец уапсен на граничниот премин Батровци бидејќи се обидел да прошверцува во Србија 29 килограми марихуана спакувани во 60 пакети.

Осомничениот на излезот од Србија кон Хрватска се обидел да ја прошверцува дрогата во специјално направен бункер во возило со македонски таблички.

Српското МВР информира дека во соработка со македонските колеги е пресечен уште еден канал на криумчарење со дрога.