Македонец во Драч фатен со 450 килограми марихуана

Македонец фатен со 450 килограми марихуана во албанскиот крајбрежен град Драч.

Според информациите од медиумите, државјанин на Република Македонија е притворен во Драч, Албанија, откако полицијата синоќа  во неговото возило открила 450 килограми марихуана.

Од локалната полиција соопштиле дека Македонецот  се обидел  да ја внесе марихуаната во пристаништето,.

Полицијата потврдила дека дрогата е од албанско потекло, а возачот на возилото чиј идентитет не се открива веднаш е притворен од страна на полициските службеници

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.