Македонец возел со 246 км/ч во Хрватска

Македонец возел со 246 километри на час на автопатот Брегана – Липовац во Хрватска.

Тој бил запрен од полицијата кај местото Поповача, пишуваат хрватските медиуми. На лице место бил казнет со 3.000 куни и добил забрана за користење на возачката дозвола во Хрватска во период од една година.