Македонец загина во сообраќајка во Албанија

Тој загинал на самото место, додека во несреќата биле повредени уште четири лица кои биле во автомобилот. Тие се пренесени во болница, каде им е укажана потребната лекарска помош.

Несреќата се случила на три километри од градот Прењас, кај селото Урак, во близина на преминот Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга.

Причина за несреќата најверојатно е влажниот коловоз и дождот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.