Македонец заклан во Нови Сад

Македонецот Слободан Стојановски синоќа е избоден до смрт во населба во близина на сроски Нови Сад, пишуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации, неговото безживотно тело, до смрт избодено со нож, било откриено во куќата. Стојановски инаку бил пекар, кој со децении имал пекарница во Бегеч.

Според првичните сознанија на полицијата, убиството не било на национална основа и не е мотивирано од инцидентот по натпреварот помеѓу Србија и Албанија.

kukja-1_thumb_medium500_338

-Соседите на настраданиот пекар велат дека ништо не слушнале во текот на претходната ноќ, како и дека Стојановски, кој по смртта на неговата мајка живеел сам во куќата, не бил конфликтна личност, како и дека не паметат дека тој се степал со некого некогаш, пишува српски „Курир“.

kukja_thumb_medium500_338

Според директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, уапсени се повеќе лица, меѓу кои е и убиецот на Стојановски.