Македонија 63-та земја на листата за олеснување на трговијата

Македонија е рангирана на 63-то место од вкупно 138 земји во најновиот Извештај за олеснување на трговијата за 2014 година што го објавува Светскиот економски форум, пренесува МИА.

Главни критериуми врз основа на кои се оценува индексот е отвореност на пазарот, грaничните процедури, развиеност на инфраструктурата и оперативно окружување, односно пристап до домашниот пазар, пристап на странските пазари, ефикасност и транспареност на граничната администрација, достапност и квалитет на транспортната инфраструктура и транпортните услуги.

Македонија најдобро е рангирана според пристапот до пазарите на 23-то место со индекс 4,3, на 85-то место е според ефикасност и транспарентност на гранични процедури, на 85-то место според инфраструктурата и 43 место според оперативното опкружување.

Од земјите во регионот Србија е рангирана на 89-то место, Босна и Херцеговина на 78, Хрватска на 56, Црна Гора на 49 и Словенија на 38 место.

На врвот на листата се Сингапур и Хонг Конг, а меѓу првите десет се Холандија, Нов Зеланд, Финска, Велика Британија, Швајцарија, Чиле, Шведска и Германија.

Глобалниот извештај се објавува од 2008 година, секоја втора година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.