Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза.

За таа цел, министрите за внатрешни работи на споменатите земји, денеска во Охрид ќе потпишат  Меморандум за разбирање за преземање неопходни мерки за справување со вонредниот притисок од мигрантската криза која ги засега овие земји.

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза.
Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза.

Потпис на Меморандумот ќе стават министрите за внатрешни работи на Македонија, на Австрија и на Србија, Митко Чавков, Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ, како и претставникот на МВР на Унгарија, Кристина Берта.

Австриската министерка Микл-Лаитнер, пред заминувањето за Охрид најави дека ќе предложи зголемена соработка во однос на намалување на бранот мигранти низ Балканот.

На состанокот во Охрид ќе бидат разгледани и мерки за заедничка борба против криумчарањето луѓе.

Јанкулоски и Салиу во посета на прифатните центри во Гевгелија

Во текот на денешниот ден, националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи Живко Јанкулоски и директорката на Центарот за управување со кризи Сузана Салиу денеска во рамки на посетата на Општина Гевгелија, ќе ги посетат и прифатните центри во општината.

Според најавата, Јанкулоски и Салиу ќе остварат средба со градоначалникот на општината, а потоа сите заедно ќе ги посетат прифатните центри во кои престојуваат мигрантите.

Поставени два шатори за деца бегалци во Гевгелија

Поставени два шатори за деца- бегалци во Гевгелија
Поставени два шатори за деца- бегалци во Гевгелија

Два шатори за згрижување деца бегалци вчера беа поставени во прифатниот камп во Гевгелија.

Двата шатори за згрижување деца бегалци со површина од по 72 метри квадратни за згрижување деца, се поставени со помош на УНИЦЕФ.

Двата шатори можат да опслужуваат 50 деца истовремено. Опремени се со цртанки, играчки и едукативен материјал за деца, а за нив се грижат и со нив си играат стручни лица.

Претставниците на УНИЦЕФ информираа дека покрај ова во прифатниот камп во Гевгелија испраќаат балони со по 30.000 литри вода за да им обезбеди на мигрантите чиста вода за пиење која во моментов е ограничена само на флаширана вода.

Инаку, децата бегалци заедно со нивните мајки достигнуваат една третина од вкупниот број мигранти кои дневно транзитираат низ нашата земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.