Македонија бара и други опции за гасификација

Ако настанат одредени промени во изградбата на Јужен тек, односно ако Бугарија не ја промени одлука за стопирање на изградбата, Македонија ќе има доволно природен гас на среден рок за да го покрие Скопскиот, како и источниот и западниот регион, рече на денешната прес-конференција, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев додаде дека во моментов Владата будно ја следи состојбата со прекините во изградбата на гасоводот Јужен тек, а истакна и дека од македонската страна веќе се направени сите потребни подоготовки.

„Гасификацијата на Скопје оди според предвиденото и сега се бара приватен партнер за да се доврши со проектот. Во моментов Македонија има доволно гас за изградба на источните и западните лотови на среден рок“, рече Ѓорѓиев.

На крајот, Ѓорѓиев потенцираше дека Владата на Република Македонија активно ја следи состојбата, дека работите одат во добра насока, но и дека доколку не дојде до промена на состојбата, отворени се вратите и за други опции.