Спорт

Македонија без Ибраими ќе ги дочека Хамшик и другарите

Македонија без Ибраими ќе ги дочека Хамшик и другарите

Пред натпреварот селекторот Бошко Ѓуровски се соочува со проблеми, откако крилото на словенечки Марибор, Агим Ибраими нема да биде во состојба да им помогне на своите колеги од репрезентацијата.

Првата прозивка во пресрет на мечот против Словачка селекторот Ѓуровски ќе ја има денеска, но таа ќе помине без Ибраими.

-Не се чувствувам добро. Веднаш по мечот со Челзи во ЛШ морав да примам инфузија и ќе треба да мирувам десет дена, изјави Ибраими за „Македонски Спорт“.

Македонскиот напаѓач не играше ниту против Украина, а дали селекторот дополнително ќе повика некој друг фудбалер останува на него.