МАКЕДОНИЈА – Безумни предавници, лажни патриоти и зомбирани посматрачи

Пред 2300 години филозофот Диоген со запалена факла во ден барал ЧОВЕК. Затоа што имало многу луѓе, но биле толпа од која не се издвојувал никој. Подоцна Римјаните дефинирале дека такви толпи се интересираат само за леб и циркузи. Денес, слично на Диоген и ние бараме ЧОВЕК. ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕР КОЈ ЌЕ НЕ СПАСИ КАКО НАРОД И ДРЖАВА. Кај Диоген има цинизам, кај нас има трагедија. Затоа што, како вели јунакот на Илф и Петров, Остап Бендер, „Спасот на тие кои се дават е во нив самите“.

Од 1990 година, наваму на избори во Република Македонија се јавувале 11 партии со име ВМРО и разни додавки. Само што, насловот и квантитетот немат значење, туку квалитетот и содржината.

Од 1990 година наваму се појавија илјадници и илјадници Обраќања, Меморандуми, Прогласи, Декларации за сегашноста и иднината на Македонија. Според нивната бројка изгледа сме први на Балканот по истрошена енергија. Намерно или од глупост. Преку Декларации политичарите взаемно се напаѓаат, преку Декларации граѓански здруженија и индивидуалци обвинуваат политичари. Само што, Декларациите и Обраќањата не менуваат ништо. Ако менуваа нешто, државата ќе се управуваше преку нив.

ЗНАЧИ, ОД 1990 ДО ДЕНЕСКА ПОИМОТ ВМРО СЕ КОРИСТИ БЕЗ ДА СЕ ЗНАЕ НЕГОВАТА ВИСТИНСКА СОДРЖИНА. ЗАТОА И ДОДАВКИТЕ КОН 11-те ВМРО СЕ РАЗЛИЧНИ. ЗАТОА И СЕКОЈ НИВЕН ЧЛЕН, КАКО И ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ, ВО СВОИТЕ ПРЕТСТАВИ ИМАТ РАЗЛИЧЕН ОБРАЗ НА ВМРО. ИСТОТО Е И ВО ОДНОС НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ДЕНЕШНИТЕ НЕЈЗИНИ НАСЛЕДНИЧКИ.

СО ДВА ЗБОРА, ЗАРАДИ ПОЛИТИЧАРИТЕ НИЕ НЕМАМЕ ОПШТ КОНЦЕПТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА. НАМЕСТО ТОА, ИМАМЕ ИСКРИВОКОЛЧЕНИ ПРЕТСТАВИ КАКО ЗА НЕА, ТАКА И ЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ. ТОА ИМ ДАВА МОЖНОСТ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ИМ ПОДАРУВААТ НА СТРАНЦИТЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, КОИ МИСЛАТ ДЕКА СЕ НЕВАЖНИ ЗА НИВНИТЕ ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ.

Вистината е дека и претходниците на денешната СДСМ, и претходниците на денешната ВМРО-ДПМНЕ имат контраверзни периоди во своето минато, кои биле штетни за македонскиот идентитет. Создавачите на МРО во 1893 година сериозно отстапуваат од идеите на раководителите на Разловечкото востание, Пијанечката република, Македонското Кресненско востание и Народното собрание на Македонија на Гремен-теке, каде целосно се поклопуваат македонската народносна јатка (јазик, двомилениумска меморија, културни традиции) со македонската политичка лушпа (автономна или самостојна македонска држава). Акцент во дејноста на МРО до Илинден е само македонската политичка лушпа. Едвај потоа (Рилскиот конгрес) се бара поклопување меѓу македонското политичко и национално обележје и тоа води до распад на Организацијата. ВМРО на Александров, Протогеров, Михајлов (1919-1934) повторно се враќа кон идејата за автономна или самостојна Македонија со бугарско обележје. Т.е. втора бугарска држава. Тоа се претставници и наследници на бугарските врховисти.

Од друга страна, алтернатива на ВМРО…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.