сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 10

МАКЕДОНИЈА – Безумни предавници, лажни патриоти и зомбирани посматрачи

Stefan Vlahov – Micov

Поврзани вести

Од друга страна, алтернатива на ВМРО (автономистичка) биле Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО), ВМРО (Обединета), Македонскиот народен покрет (МАНАПО), кои барат македонско политичко и национално ослободување. За време на Втората светска војна борбата за Македонска Македонија се раководи од Комунистичката партија на Македонија. Но, по победата во 1944 година таа, во споредба со останатите компартии во Југословенската федерација, потпаѓа во поголема зависност од Белград.

ЕДНОСТАВНО КАЖАНО, ВО ПОСЛЕДНИВЕ 150 ГОДИНИ СЕКОГАШ ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО (НЕЗАВИСНО ОД РАЗЛИЧНИТЕ ПАРТИИ) РЕВОЛУЦИОНЕРНА СТРУЈА КОЈА СЕ БОРЕЛА ЗА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА СО МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ. ТОА НЕ САМО ШТО ДАВА МОЖНОСТ ЗА ИСПРАВЕН КОНЦЕПТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И КОНТИНУИТЕТ, ТУКУ И ЗА НАЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ГО ЗИМА НАЈВРЕДНОТО ОД СИТЕ ПОСТОЕЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО XIX-от И XX-от ВЕК И ГО ОТФРЛА ШТЕТНОТО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ. УШТЕ ПОВЕЌЕ, ПРАКТИЧНО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАЛО ДЕСНИ И ЛЕВИ СТРУИ, ТУКУ МАКЕДОНСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ СТРУИ.

Само на тој начин може да имаме исправена кичма, која не се влијае од странските притисоци и пропаганди. Историските факти се во наша корист, но ние сами се глупираме барајќи партиски континуитети, мешајќи „десни“ и „леви“ струи, објавувајќи предавници за херои и обратно, за кое ни се потсмеват однадвор. А, ние се правдаме со историското време, бранејќи партиски конструкции.

НАРОДОТ И ДРЖАВАТА МОРА ДА БИДАТ ПОВРЕДНИ ОД ПАРТИИТЕ И НЕ МОЖЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ДЕЛИ ПОРАДИ ПАРТИСКИ ПАТРИОТИЗМИ.

Веќе 27 години Македонија се врти во еден маѓепсан партиски круг. Во последната деценија Заев беше по мерка на Груевски, и ВМРО-ДПМНЕ комотно управуваше. Денес Груевски е по мерка на Заев. Т.н. реформатори во ВМРО-ДПМНЕ се само алатка за зацврстување на лидерот. Како што правеа претходно „реформаторите“ во партијата на Заев. Надворешните фактори имаат интерес од таа комбинација, затоа што таа одамна е прочитана.

НИТУ САД И ЕУ, НИТУ ДВЕТЕ ГЛАВНИ ПАРТИИ ИМАТ СМЕТКА ОД ПОЈАВА НА ВИСТИНСКА МАКЕДОНСКА ОПЦИЈА, КОЈА ЌЕ ГО ОДЗЕМЕ НИВНИОТ МОНОПОЛ ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ВРЗ КАЛКУЛАЦИИТЕ СО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И СО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА. ТИЕ НЕМААТ ИНТЕРЕС И ОД МЕНУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ, ЗАТОА ШТО МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ЛИДЕР КОЈ ЌЕ ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПЕКОЛ ЗА НИВ.

Груевски вербално се заканува, но оди смирено на средби со Бејли, Хан, Могерини итн. , спроведува тоа што ќе му наредат. Тој е припитомен одамна. А, замислете некој македонски Орбан, Мадуро, Дутерте со членска маса од 170.000 (кои ќе скокнат барем 3 пати) луѓе. Балкански земјотрес!

Само што, додека чекаме ЛИДЕР, земјотрес нема да има. Преку земјотресите во Охрид, Господ не’ предупредува за блискиот крај. Сами одговорете си зошто се во Охрид и поврзете ги со крајот на Самуиловата држава, мирно и тивко преку предавства. Изгледа е подобро да изгинеме преку природен земјотрес, отколку како глувци кои не сакаат да ги чујат зборовите на Димитар Миладинов:

„Една шепа крв е човечкиот живот, за толку ли ќе се плашам“.

А, уште помалку тоа, што го кажал Наполеон:

„Секој војник носи маршалско жезло во својата торба“.

Но, поголемиот дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не биле во армија.

 

 

Најчитани вести