Македонија, БиХ, Србија, и Црна Гора ќе бараат укинување на роамингот со ЕУ

Откако на сила стапи одлуката на Европската комисија за укинување на роаминг тарифите во земјите членки на ЕУ сличен договор ќе побараат министрите задолжени за регулација на електронските комуникации на Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора со цел и граѓаните на овие земји од Балканот да можат да бидат рамноправни во ценовната политика.

Министрите одговорни за телекомуникации на БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија се договорија денеска да пратат писмо до Европската комисија со кое ќе побараат укинувањето на роамингот во ЕУ да се прошири на четирите земји.

Во текот на денот треба да се усогласат содржината и текстот на писмото што ќе бидат испратени на заменик-претседателот на Европската комисија за единствен дигитален пазар, Андрус Ансип. Министрите на четиритте земји за пет минути се договориле да ја преземат оваа иницијатива.

Иста ваква иницијатива министрите од балканските земји покренаа пред пред две години, но тоа таа не беше прифатена.

Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија пред три години потпишаа договор за меѓусебна намалување на цените на роамингот, благодарејќи на кое веќе три години постепено се намалуваат цените на роаминг услугите во регионот.