вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 5

Македонија и Бугарија со заедничка понуда за туристи

turisti

Поврзани вести

Македонија лани ја посетиле 25 илјади бугарски туристи, а во Бугарија отишле 470 илјади Македонци. За надминување на разликата во овие бројки, но и за изготвување квалитетни туристички услуги кои ќе привлечат туристи од трети земји, разговараа денеска министерот за економија Беким Незири и бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова.

На средбата присуствуваа и осум градоначалници од туристички најатрактивните македонски општини, како и претставници на туристичкото стопанство и градоначалниците на Сандански, Смолјан, Благоевград, Чепеларе и Банско.

– Бројот на туристите од Бугарија во Македонија последниве три години се зголемува во континуитет и лани достигна 25 илјади, но оваа бројка во споредба со бројот на македонските туристи кои ја посетиле Бугарија е многу мала. Нашата тенденција е да изнајдеме начин како да се зголеми, изјави министерот Незири по средбата.

Според него, формирани се три мешовити работни групи кои за 15 дена треба да соопштат конкретни предлози за заеднички атрактивни туристички понуди.

– Ќе ги поканиме и другите соседи од регионот да се приклучат кон нашиот заеднички производ, напомена бугарската министерка Ангелкова.

Таа оцени дека денешната средба е потврда за добрите односи меѓу Македонија и Бугарија во областа на туризмот.

Најчитани вести