вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е недостижен.

izvoz-640x294

Последни вести

Бугарија и Македонија ќе соработуваат во извоз на земјоделски производи за кинескиот пазар, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков по средбата во Софија со бугарската колешка Десислава Танева.

Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е недостижен.

– Имајќи ја предвид огромната далечина подобро е да се насочиме на конзервирано земјоделско производство. Ние во Македонија произведуваме и многу убави вина. Може да се насочиме на конзервирано овошје и зеленчуци, месни производи, млечни производи со кои и вие во Бугарија располагате. Свежите земјоделски производи навостина многу тешко ќе можат да се пласираат поради големата далечина, рече Цветков.

Двајцата министри, како што пренесе бугарската телевизија Канал 3, разговарале и за размената на земјоделски производи меѓу Македонија и Бугарија.

Според Цветков, податоците за сегашната размена не одговара на можностите на двете земји.

Тој укажа на фактот дека стоковата размена во земјоделството меѓу двете земји не е голема. Македонија извезува во Бугарија земјоделски производи за 20 милиони евра, а увезува за околу 40 милиони евра. Според него, тие податоци не одговараат на можностите и треба да се работи на зголемување на заемната трговија не само меѓу двете земји, туку и за излегување на трети пазари.

Освен можностите за размена, двајцата министри се осврнале и на болеста јазлеста кожа која беше откриена во почетокот на април кај говедата во областите на Хасково и Стара Загора, а во се појави и во другите балкански земји.

– Неопходни се заеднички напори и организација за да се справиме со оваа болест бидејќи нејзините преносители немаат граници. Тоа беше и поводот да се сретнам со министерката Танева, рече Цветков.

Двајцата министри разговарале и за бугарското искуство во земјоделството по примерот на земјата во Европската унија.

– Македонија која е земја кандидат за членство во ЕУ ќе ги користи бугарските искуства и ќе ги организира своите земјоделски стопснатва така за да одговараат на европските барања, истакна Цветков.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков вчера и денеска во Софија учествува на Министерска конференција за болеста јазлеста кожа.

Конференцијата е организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија.

Најчитани вести