Македонија четврта во регионот по научни иновации

Швајцарија повторно се најде на врвот на Глобалниот индекс на иновации, кој ги рангира земјите според масовноста на новите технолошки и научни изуми и иновации, додека Македонија се најде на четвртото место меѓу земјите од регионот. Во светски рамки Македонија се најде на 60-тото место од 143 земји.

Најдобро рангирана држава од регионот е Словенија на 28-то, слледат Хрватска на 43., Црна Гора на 59., Србија на 67. и Бих на 81. место.

Во фокусот на изработката на годишниот индекс била улогата, која во процесот на иновации ја имаат луѓето, а резултатите покажале дека Швајцарија и останатите земји на врвот, како Британија, Шведска и Финска, имаат силни системи за поддршка на иновациите кои поттикнуваат креативност.

Најголем напредок бележи регионот на подсахарска Африка.