Македонија – црна дупка

Познато е дека црните дупки во Вселената се создаваат при колапсот на големи и моќни ѕвезди. Карактеристично за нив е дека ја собират и ја уништуваат не само целата информација за ѕвездите, но и таа на околниот простор. Овие природни катастрофи можеме да ги споредиме со тие на Земјата, само што последниве се дело на луѓето.

Моментно, современата цивилизација е пробиена од толку „црни дупки“ што личи на швајцарско сирење. Намерно старите центри на цивилизацијата како Ирак, Либан, Авганистан, Сирија, Египет се уништуваат. Тие центри секогаш биле мета на земни варварства, но денешните варварства се пострашни од минатите. Затоа што имаат повеќе амбиции од нив: да ја заграбат арапската нафта, да ја уништат историската и културната меморија на цивилизацијата која потекнува од споменатите земји/во минатите столетија европски конвистадори создадоа етничко, историско и културно прочистување на американскиот континент/, а самото нивно население да го користат преку емигрантските бранови,за распарчувањето на Европа.

Овие интереси на варварите од САД се одамна познати. Проблемот е дека на нивната мамка повеќе од две децении се ловат европските земји со претензии за куклтура како Германија и Франција. Не е чудно дека емигрантите од разурнатите Ирак, Авганистан и Сирија се туркани кон Германија, која е економски џин во ЕУ.

Моментно канцеларката Меркел ја игра улогата на некогашниот Горбачов, кој го уништи Советскиот сојуз. Истиот самоуништувачки синдром го демонстрира и Франција, од една страна со виткањето на р’бетот пред САД, а од друга – со шовинизмот во однос на исламот. Французите секогаш имале претензии за слободоумност, но нивната точна определба всушност е национализам и тапоглавост.

Повеќе од два века во фалшивата, но помпезно квалификувана „Голема француска револуција“ тие не можат и не сакаат да сфатат дека вистинската слобода е ако не ги наметнуваш на другите своите вредности. Било идентитетски, било културни, било религиозни. Затоа што во светот никогаш не постоеле и нема да постојат универзални вредности-инаку наместо луѓе ќе имаме роботи.

Атентатот против редакцијата на „Шарли Ебдо“, на 7 јануари, годинава, беше знак, кој ниту Французите, ниту…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.