Македонија – црна дупка

Атентатот против редакцијата на „Шарли Ебдо“, на 7 јануари, годинава, беше знак, кој ниту Французите, ниту нивната Влада го сфатија точно. Затоа и пред неколку денови историјата стана помасовна и крвава. И пак никој во Франција и надвор од неа не ја сфаќа пораката.

А таа е: ДРЖАВНИОТ ТЕРОРИЗАМ ОД САД И НАТО Е ВО ДЕЈСТВИЕ. СЕ СПРОТИВСТАВУВА ТЕРОРОТ НА ДОСЕГАШНИТЕ ЖРТВИ. Тие жртви се неколку вида. Од една страна, луѓе од разурнатите африкански и азиски држави. Од друга – создадените од САД за нивните цели терористи, кои сега и во иднина ќе го користат своето искуство против создавачите. Од трета-муслиманската популација во Европа, која се соочува со тукашните притисоци врз својот идентитет и традиции. Не случајно има спој меѓу терористите од сите видови. Тие кои доаѓаат од Европа наоѓаат поткрепа од тие што живеат тука. Заеднички за нив, независно каде живеат, е презирот кон денешната западна цивилизација. Затоа терористите се регрутираат од повеќе од 80 држави, а се финансираат од 40 држави. И тие кои се повисоко образовани, и кои се родени во Франција, Германија, Велика Британија, САД итн. Презирот и омразата се уште поголеми. Тие се исламисти, затоа што моментно исламот е единствената свтеска религија со цврсти вредности кој е спремен да ги одбрани жестоко.

Источното православие е во кома, католицизмот е во длабока криза, будизмот и хиндуизмот имаат други практики и цели. Во светската историја светските религии имаат многу подолг живот отколку светските империи. Денес постои само една светска империја – САД, која сака да го наметне својот диктат врз целиот свет. Во отсуство на спротивната империја за баланс, таква улога има исламот.

И западната /промовирана од САД/ „цивилизираност“ и исламската алтернатива /во лицето на ИСИС/ се исти по својата бруталност, агресивност и дивјаштво. Така што ако мора да бираме меѓу двете, практично немаме избор. И со едната и со другата, иднината на досегашната цивилизација е да стане црна дупка.

Истите споредби можеме да ги направиме за Македонија, но врз друга основа. Се разбира, состојбата кај нас е слична со останатиот дел од Европа, ако зборуваме за глупост на политичарите, поткупливост на медиумите, додворување на странски газди. Само што како мала земја ние се додоворуваме на повеќе газди – на американските, на нивните европски марионети, на некои балкански марионети и т.н.

Секојдневните глупости на нашите политичари се активираат од штетниот партиски систем, кој владее врз македонскиот народ. Во други држави партискиот систем е контролиран од граѓанското општество. Во Македонија улогата на таквото општество ја играат антидржавни и антимакедонски организации донирани од Сорос и странските служби. На тој начин има дупла штета и невидена манипулација врз Македонците. Нашиот проблем е дека големи и мали странски сили, со разни мотиви, но со иста цел, сакаат да не трансформираат во црна дупка, која ќе ги проголта македонското име, идентитет, историја и традиција. Во таа смисла ние сме ставени во редот на спомнатите колевки на цивилизацијата, кои и денес се трансформираат во црни дупки.

Сега Македонија е во маѓепсан круг. Партискиот систем може да оди само со…