Македонија – црна дупка

Сега Македонија е во маѓепсан круг. Партискиот систем може да оди само со граѓанско општество. Граѓанско општество без партии не е штетно за државата, но партии без такво општество водат до нејзина смрт. Велам партии, а не партија, затоа што знаеме дека при еднопартиски систем имевме не само јаки, а и успешни држави. Таков пример во минатото е Турција при Ататурк, кај нас, Југославија со Тито, денес- Кина и т.н. Спомнувам држави со различен општествен систем, бидејќи многу пати еднопартијноста намерно се поврзува со комунистичкиот систем. Всушност, еднопартијноста се користи во клучни моменти од судбината на еден народ и држава кога се одлучува дали ќе постои или ќе биде уништена. Затоа и таквите општества создаваат политички фактор од сите вредни, паметни, одговорни и цврсти свои членови, кои се подготвени да ја спроведат и поведат борбата за зачувување на државното и народното зачувување. Затоа и во повеќето случаи таквите политички фактори се именуваат не како партии, туку, тие се национални движења, национални фронтови, а во време на туѓа власт – националослободителни организации и движења.

Единствена шанса за спас на денешна Македонија како самостојна, а не федерализирана и распарачена држава, е ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВНАТРЕ И НАДВОР ОД ДРЖАВАТА БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИСКА И РЕЛИГИСКА ПРИПАДНОСТ. Во сите постоечки македонски партии има луѓе подготвени да се борат со сите сили за македонскиот идентитет и држава. Такви луѓе има и меѓу македонските граѓани кои не се партиски членови. Такви има и меѓу македонските малцинства во државата, особено помеѓу македонските власи, турци, роми, срби. Предавничкиот став на партискиот врв на СДСМ веќе се гледа и од Месечината. Без принципиелното попуштање од страна на ВМРО-ДПМНЕ на антидржавните и антимакедонски елементи – исто. Изборот за министер на МВР на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски е последниот доказ за тоа. Претходниот пример беше поврзан со целосната капитулација пред нелегитимното паралелно Јавно обвинителство. Доказ за подготвената федерализација е најавената конференција во декември, за ревизија на Рамковниот договор. Пример за Гинис е потпишаниот Меморандум помеѓу градоначалниците на општините во Скопје, Ѓорче Петров и Сарај „за разбирање, добрососедски и меѓуетнички односи“. Вака делува дека ова е договор помеѓу две држави, а не помеѓу две населби во македонската метропола. При тоа, градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски е македонски генерал кој мора да знае како се брани држава и кога се користат зборови како веќе горе споменатите.

Ете зошто, доаѓа времето за борба на македонскиот народ против партискиот систем и партизацијата. И како организатор за таква упспешна борба – НAЦИОНАЛНО ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА.