Македонија денес учествува конференција на стратегиски воени партнери во Софија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес учествува на конференцијата на стратегиски воени партнери (Strategic Military Partner Conference) која се одржува во Софија, Република Бугарија. На конференцијата учествуваат 65 учесници, началници на генералштабовите од армиите на земјите членки на НАТО, ПзМ, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, глобалните партнери, како и високи претставници на команданта структура на НАТО.

3

Конференцијата, која во текот на вчерашниот ден, во Националниот историски музеј на Бугарија, беше поздравена од страна на претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, во фокусот ќе ги има НАТО и партнерството, непредвидливите закани и актуелните жаришта кои ја загрозуваат светската безбедност, предизвиците кои претстојат и понатамошно доизградување на партнерските основи како во евро-атлантската безбедносна зона така и пошироко на глобално ниво.

2

Исто така ќе се дискутира и за зајакнатата улога на НАТО во правец на соработка на критични регионални партнери и нивниот придонес кон меѓународните операции, меѓусебната интероперативност во меѓународните операции, заедничките интереси и предизвици во одбранбената политика на НАТО и земјите партнери, како и меѓусебната соработка со цел изградба на респектабилни капацитети и способности.

На маргините од конференцијата во Софија, се очекува генералот Котески да оствари средби со повеќе негови колеги-учесници на форумот.