среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 42

Македонија денеска гласа, отворени гласачките места

Гласањето започна во 7:00 и ќе трае до 19:00 часот. Изборите се спроведуваат според пропорционален модел во шест изборни единици со 3.480 избирачки места во Македонија и во Седмата изборна единица која ја опфаќа дијаспората каде има 46 избирачки места.

glasanje1

Последни вести

Во Република Македонија денеска се спроведуваат избори за пратеници во Собранието. Ова се досега деветти парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година. Право на глас според Избирачкиот список имаат 1.784.416 граѓани, од кои 1.531.368 граѓани во Македонија.

Избирачкото ливче ги содржи имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат 58 листи со 1.092 кандидати. Во онаа изборна единица каде поголем број од жителите се припадници на некоја од заедниците избирачкото ливче е на македонски јазик и на нивниот мајчин јазик.

На изборите учествуваат Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок, Партијата за демократски просперитет (ПДП), Коалицијата „Алијанса за Албанците“, Либералната партија, ВМРО-За Македонија, Движење БЕСА и Левица.

Карактеристично за овие избори е што првпат Избирачкиот список содржи фотографии на лицата запишани во него со цел да се спречат злоупотреби. Гласот на граѓанинот ќе биде важечки само со заокружување на една листа на кандидати или кандидат или доколку тој го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата.

Предвремените парламентарни избори во Македонија се одржуваат како резултат на напорите на политичките партии и меѓународната заедница за излез од двеиполгодишната политичка криза во земјата.

Последните парламентарни избори во Македонија, кои исто така беа предвремени, се одржаа на 27 април 2014 година.

Најчитани вести