Македонија денеска на мегдан со Германија

Македонската женска ракометна репрезентација денеска во 17.45 часот во СРЦ “Кале” ќе го одигра претпоследниот натпревар од кавлификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска и Унгарија, во декември годинава.

Противник на „црвено – жолтите” е репрезентацијата на Германија, која мора да ја победиме и дома и на гости доколку сакаме да се пласираме на првенството. Германките се фаворите на овој натпревар, но избраничките на селекторот Ристо Магдинчев ќе дадат се од себе за да го изненадат големиот противник и помотивирани да отпатуваат на реваншот во Магдебург.

„Германија е фаворит на овој натпревар, но нема да им излеземе со бело знаме. Девојките се подготвени да го дадат максимумот. Ова значи дека нема да им дозволиме лесно да стигнат до победата. Ќе се бориме за секоја топка на теренот, а единствен голем проблем ни е голманската позиција на која имаме неискусни ракометари. Сепак, верувам во девојките дека ќе прикажат добра игра,“ велиМагдинчев.

Македонија во овие квалификации претрпе два пораза одРусија, додека Германија со истиот противник има скор од една победа и пораз.