Македонија денеска во Нант ќе ги одмери силите со Алжир

Машката ракометна репрезентација вечерва во Нант го игра првиот натпревар на турнирот во Франција, а противник е селекцијата на Алжир.

Ова воедно е првиот вистински тест за избраниците на селекторот Ивица Обрван пред настапот на Светското првенство во Катар.

Нашите ракометари синоќа имаа и тренинг во салата во Нант, а надминат е и проблемот со багажот и комплетната опрема е пристигната во Нант.

Дуелот меѓу Македонија и Алжир почнува во 20:45 часот, а претходно играат Франција и Аргентина (почеток 18:15 часот).

Утре на програмата се натпреварите за конечен пласман на турнирот и победниците ќе играат во финалето, а поразените во дуелот за 3.место.

Преносот од мечот помеѓу Македонија и Алжир ќе го врши МТВ1.