Македонија до 17 години во група со Ирска, Полска и Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги доби ривалите во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Генерцијата на Горан Станиќ ќе игра во групата 3, заедно со репрезентациите на Ирска, Полска и Грузија.

За македонската репрезентација ова е прв, историски пласман во елитната фаза во конкуренција за фудбалери до 17 години.

Мини-турнирите мора да завршат до 1 април, а осумте победници во групите ќе се пласираат на завршницата каде чека Англија.

Првенството ќе се одржи од 4 до 20 мај.