Македонија доби 24 милиони долари од СБ за развој на вештини и иновации

Македонија добива 24 милиони евра од Светска банка (СБ) за поддршка на развојот на вештините и иновациите, информираат од Канцеларијата Банката во Скопје. Овој проект е одобрен од Бордот на директори на Светска банка.

Целта на проектот, како што се наведува од Канцеларијата на СБ во Скопје, е да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите, да се промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.

„Подобрување на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и економската конкуретност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование“, истакнува директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Татјана Проскурјакова.

Таа нагласува дека во исто време и регулаторното, институционалното и финансиското опкружување може да бидат зајакнати за понатамошно промовирање на иновациите на ниво на компании и подобрување на комерцијалната апликација на неговите академско-научни и технолошки средства.

Од овој проект, корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот.

Студентите и персоналот од универзитетите, истражувачки институции и претпријатија ќе имаат корист  од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.

„Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата“, вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование при регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот.

Активностите на компаниите во Македонија што се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење на иновации, претставува важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет, се наведува во соопштението.

Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период.