Македонија

Македонија доби гравиметриска мрежа

Македонија доби гравиметриска мрежа

Република Македонија доби гравиметриска мрежа. Податоците од гравиметриската мрежа ќе можат да се користат за истражување на рудните богатства, истражување на природен гас и нафта, лоцирање на поземни шуплини, пештери и јами, при проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура и во многу други научно-истражувачки и стручни работи, информираше денеска директорот на Агенцијата на катастар на недвижности Славче Трпески.

Македонија е првата земја од регионот која што успеа да спроведе комплетно нов гравиметриски премер на својата територија, користејќи најсовремени инструменти и методи на мерење, согласно европските стандарди.

Со реализацијата на овој проект македонската држава, односно македонската економија ќе има големи придобивки.

-Резултатите од гравиметриските мерења, посебно податоците за распоредот и густината на масите во внатрешноста на земјата се исклучително важни при спроведување на разни научно-истражувачки и стручни работи, посебно кога се комбинираат со податоци од другите струки од областа на геонауките, истакна Трпески.

Со користење на податоците од гравиметриските мерења ќе можат да се итсражуваат рудните богатства, каде има гас и нафта, ќе се лоцираат подеземните води и влијанието на плимните бранови на нивоата на природните езера во Р.Македонија. Податоците од гравиметриските мерења ќе се користат и во сеизмологијата за следење на промените на земјините маси при потреси и во инженерството при проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура, поголеми тунели, мостови брани.Во геодезијата податоците ќе се користат за поточни и поквалитетни геопросторни податоци во постапките на премерување додека во геологијата за истражување на распоредот на густината на земјините маси, за откривање на подземни шуплини, пештери и јами.

Трпески посочи дека последните гравиметриски мерења во Р. Македонија се вршени во периодот на седумдесетите години од минатиот век од страна на тогашната Федерална геодетска управа на СФРЈ, но за жал резултатите од тие мерења никогаш  не се ставени на располагање на нашата држава.

Rezidualna Gravimetriska karta (1)