Македонија доби награда за најорганизиран штанд на саемот во Истанбул

Македонија е добитник на наградата за најорганизиран штанд на еден од најголемите и најпосетени интернационални саеми за туризам во светот во Истанбул, Турција.

Во конкуренција од повеќе од 80 држави и над 5000 институции лоцирани во 12 хали, штандот на Македонија е прогласен за најорганизиран штанд за 2017та година на 21-от по ред саем за туризам во Истанбул.

Саемот во Истанбул кој е еден од 5те најголеми саеми за туризам во светот, беше посетен од 46.670 посетители во периодот од 26-29 Јануари 2017та година, а присутни беа 450 тур-оператори од 55 земји.

Агенцијата за туризам на саемот во Истанбул ја презентираше природата, културата и отоманските споменици во Македонија, вклучувајќи ги и македонската традиција и туристичките посети на градовите.

Штандот на Македонија беше посетен од турскиот Министер за култура и туризам, Наби Авци, како и Генералниот Секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи кои искажаа задоволство од учеството на Македонија на саемот и ги потенцираа најзините природни убавини споделувајќи ги личните импресии.

На штандот на Република Македонија во Турција, ко-егзибитори беа македонските тур-оператори Бадемтур, Генерал Турист, Фибула, Балкантиме и Вардар Експрес, а штандот го посетија и Н.Е. Живко Муцунски, Амбасадор на Република Македонија во Турција, Синиша Иванковиќ, Конзул на Македонија во Туриција, како и Економскиот промотор на Македонија во Турција,Филиз Вели.

Минатата, 2016та година, Македонија ја зема првата награда за пријателство на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.