Македонија доби сребрена плакета за нов квалитет во туризмот

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 23-ти до 24-ти октомври 2014 година, ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за Winter & Spa туризам во Нови Сад, Србија.

Интернационалната туристичка берза Winter & Spa туризам во Нови Сад годинава додели награди во приватниот сектор, но и награди на државите од регионот и Западен Балкан за нов квалитет во туризмот. Интернационалниот саем бизнис, велнес, спа и зимски туризам во Нови Сад, Србија е во организација на Туристичка призма.

На овој саем Република Македонија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја доби сребрената плакета за нов квалитет во туризмот. Наградата го потврдува успешното промовирање на македонскиот туристички производ и Македонија како нова и атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, нудејќи им на светските туристи искуство кое ги спојува различните туристички сегменти од култура и историја до активности во природа. Како и промовирање на Македонија како зимска дестинација, развивање на ски и бањски туризам.

Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник на 17-то по ред доделување на наградите за нов квалитет во туризмот.

За време на B2B саемот беа беа остварени средби со бројни учесници во туристичкиот промет како и новинари и медиумски куќи со кои се договорија идни активности.