ВИДЕО: Македонија добива 700 милиони евра од ЕУ за справување со бегалци

begalci makedonija

Лидерите на Европската унија одлучиле да бидат пуштени повеќе од три милијарди евра за справување на состојбата со бегалците. Оваа одлука била донесена на средба на врвот на Унијата во Брисел, изминатава ноќ.

Најголем дел од парите, поточно една милијарда евра ќе добие Турција, а износ од 700 милиони евра ќе и’ бидат доделени на Македонија, објави шефот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер.

Итна помош од 100 милиони евра ќе добијат земјите членки на ЕУ, кои се борат со напливот на бегалци. Околу 600 милиони евра се доделуваат на европската агенција за обезбедување на границите „Фронтекс“ и на Европол, за следната година.

Дополнителни една милијарда евра ЕУ ќе пушти за сириските бегалци во блискоисточните земји.

Парите ќе бидат доставувани преку Светската програма за храна и преку Врховниот комесаријат на ООН за бегалци, прецизирал претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, објавува германската новинска агенција ДПА, пренесува Нетпрес.

бегалци македонија
Македонија добива 700 милиони евра од ЕУ за справување со бегалци

Туск рекол дека се очекува милиони бегалци да се обидат да пристигнат во Европа.

– Повеќе не може да размислуваме за отворени врати и прозорци. Треба да мислиме за заштита на нашите надворешни граници. Хаосот по границите мора да запре. Тоа е заедника одговорност. Неможе државите да бидат оставени сами да се справуваат со проблемот. Постигнавме заедничко ршеение дека нештата неможат да останат онакви, какви што се во моментов. Единствени сме во ставот дека справувањето проблемот минува низ засилена и целосна контрола на надворешните граници. Мислам дека успеавме да го одминеме опасниот пат на меѓусебни обвинувања, изјавил претседателот на Советот на Европа.

Исто така, на средбата била донесена и одлука за итно формирање на центри за прием и регистрација на бегалци во внатрешните граници на ЕУ, најмногу во Грција и во Италија.

begalci makedonija

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека овие Центри треба да почнат со работа до крајот на ноември, годинава. Според неа, предвидена е и финансиска помош за земјите, кои се на првата линија на бранот бегалци кои одат во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.