Македонија

Македонија донесе забрана за увоз на месо од Холандија

Македонија донесе забрана за увоз на месо од Холандија

Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе времена мерка забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија.

Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на авијарнатаи нфлуенца (Службен весник на РМ бр. 82/2007). Станува збор за Програма која е транспонирана од Директива на Советот 2005/94 и Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот.