Македонија е една од најрелигиозните земји на светот

Со дури 88 отсто верници, Македонија е една од најрелигиозните земји на светот.  Во земјава само два отсто од луѓето се изјасниле како атеисти, а осум отсто дека не се религиозни, покажува истражувањето на ВИН/Галуп, пренесе британски „Телеграф“, не наведувајќи на која религиска група прапаѓаат верниците.

Според истражувањето, најрелигиозна земја во светот е Тајланд, каде 94 отсто од жителите се изјасниле како верници, а само еден отсто рекле дека се атеисти.

Две третини од светската популација за себе велат дека се религиозни, тврдат податоците собрани во рамки на истражувањето кое е спроведено на 64.000 лица во 65 земји од светот.

Единствено во западна Европа и во Австралија верниците се малцинство.