Македонија е мртва, следна е Србија: Албанизацијата и распадот на Македонија од пред 10 години во „Платформа за Природна Албанија“

Кочо Данај е името на авторот на книгата “Платформа за Природна Албанија”, која издадена во 2009 година и има околу 200 страници, кои претставуваат своевиден прирачник за формирање на Голема Албанија.

Случајно или не, осум години подоцна, лидерите на албанските политички партии во Република Македонија, под покровителство на албанскиот премиер Рама, издадоа документ со сличен наслов „Албанска платформа”, пишува Република.

Кочо Данај е еден од најистакнатите интелектуалци во соседна Албанија, доктор на политички науки, директор на Албанскиот институт за регионални прогнози и идеолог на „Комитетот за Природна Албанија”. Во исто време е советник на неколку албански премиери по што станува очигледно дека или лично или преку своето творештво учествувал во подготовката на платформата на албанските партии.

474726-shokantno-eve-od-kade-pochnuva-platformata-od-tirana

Идеологијата за Голема (природна) Албанија, Кочо Данај ја реализирал и на мапа, која веќе неколку години е закачена на ѕидот во канцеларијата на албанскиот премиер, а била поставена од поранешниот премиер Илир Мета, чиј советник беше токму авторот.

Под оваа мапа, заедно со актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама, лидерите на албанските политички партии ја создадоа „Албанската платформа” за Македонија.

– Природна Албанија е симбол за благосостојба, чест, мир и стабилност во регионот. За доброто на нашите деца, внуци и внуки ние треба да ја создадеме оваа земја. Природна Албанија значи се помалку и помалку Грци, Македонци, Турци и Албанци со турско потекло, природна Албанија значи повеќе Албанци со европски менталитет – пишува Данај во неговата книга.

Албанскиот интелектуалец додава дека Албанците на Балканот долго се бореле, но не успеале да ги остварат своите цели. Во една од точките на неговата платформа стои и дека Албанците во Македонија биле измамени во 2001.

– Побуната на Албанците во Македонија во 2001 ја имаше истата судбина. Почна како буна за национално ослободување а заврши со повеќе права и слободи за Албанците кои прифатија друга земја како нивна татковина – пишува Данај.

Етапите во кои ќе се формира Природна Албанија

kol232-nm-alb-mkd-2

Во својата книга, Кочо Данај предлага Природна Албанија да се формира во 3 фази, односно етапи.

1. Формирање на Комитет за Природна Албанија, кој ќе го сочинуваат албански интелектуалци а ќе го претседаваат претседателот на Косово и претседателот на Албанија. Ова тело ќе работи на создавање на Природна Албанија. Првата фаза ќе заврши со тоа што комитетот ќе побара спојување на двете земји.

2. Втората фаза е формирање на конфедерација помеѓу Албанија и Косово преку референдум. Во исто време треба да се изврши федерализација на Македонија, и промена на името во “Република Северна Македонија и Источна Албанија”. Во исто време од Република Грција ќе се бара во собранието да го осуди геноцидот врз Албанците во Чемерија за време на Втората светска војна и да им дозволи на протераните Албанци да се вратат на своите територии.

3. Последната фаза ќе биде обединување на Албанците во една држава. На нејзината територија ќе има етнички малцинства но ќе има и албански етнички малцинства во соседните држави.

Во својата книга, Данај пишува дека неговата платформа се заснова на европски вредности. А случајно или не, со слични планови за федерализација на Македонија, осудување на геноциди и промена на името излегоа и албанските политички партии во нивната “Албанска платформа“, која е услов за коалиција во идната македонска влада. Овој услов го прифати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Името кое го предлага Данај, значи дека половина од Македонија е дел од Источна Албанија, а остатокот е Северна Македонија, при што, остатокот од Македонија е грчки.

kol228-rama-alb-lideri-1

Според Данај, реализацијата на проектот “Природна Албанија“, треба да почне во 2013 и во наредните години да се реализира.

– Сите Албанци треба да живеат во една држава. На конференцијата во Лондон која се одржала во 1913 година, големите сили им нанеле голема неправда на Албанците. На таа конференција спречено е обединување на сите Албанци, иако сите неколку години претходно се залагале за тоа. Денес бараме обединување на сите Албанци без војна – вели Данај.

Тој е против користење на терминот Голема Албанија, бидејки овој термин од Природна Албанија ги исклучува Прешево, Бујановац, Витина, Качаник, Куманово, а не се опфатени ни Митровица и северниот дел на Косово.

Во 2013 почна и иницијативата за формирање на Природна Албанија, која ја потпишаа околу 50 пратеници од Косово, Албанија и Македонија. За тоа колку и кои македонски пратеници потпишале, се уште нема информација.

– Или ќе дојде до формирање на Природна Албанија или природно ќе настапат големи војни – предупреди Данај во едно негово телевизиско интервју.

Еди Рама во мисија за остварување „Природна Албанија”

platforma tirana

Иако потекнува од Социјалдемократско а не од конзервативно миље, актуелниот премиер Еди Рама, се чини е главен протагонист на оваа идеја за создавање на „Природна Албанија”. Тој беше ментор на создавањето на албанската платформа на партиите од Македонија, која очигледно ги следи насоките на Кочо Данај.

Па така, според Данај треба да се викаме “Република Северна Македонија и Источна Албанија“, а неговите следбеници од ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците бараат да бидат вклучени во решавањето на спорот со името.

-Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право. Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција – стои во новата албанска платформа.

Во платформата се бара и сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност како и двојазичност на цела територија на државата.

Покрај неговите вакви активности во Македонија, Рама постојано се меша и во Косово каде што сега води проект за формирање на армија на Република Косово.

Македонија е мртва, следна е Србија

kol237-gm-albanians-balkan-map-1

Македонија е мртва, следна е Србија, рече лани за српски Курир авторот на албанската платформа, Кочо Данај.

Лидерот на листата за природна Албанија тврдеше дека протестите во Скопје не се поради незадоволство од домашното судство туку за создавање на новата Албанска држава која ќе завземе поголем дел од Македонија како и половина од јужна Србија. Тоа го поткрепува со фактот дека главен декор на протестите низ Македонија е токму картата на Голема Албанија.

Данај бара Албанците да се обединат и да направат чистење на териториите каде ќе живеат само Албанци. Според него во моментов тие во држвава се чувствувале како народ од втор ред иако биле 35 отсто од вкупното население.

-Албанците се кренаа против шовинизмот на македонската влада. Во текот на протестите се судрија со полиција која беше наоружана до заби. Но протестите во Македонија мора да продолжат. Чекор по чекор таа територија мора да биде исчистена и ослободена од сите религиски и национални различности, а побуната треба да се трансформира во едно општо движење кое за цел ќе има конечно соединување со Албанија, вели Данај.

Според него Македонија во 2001 година избегнала распад само затоа што Албанците го потпишале Охридскиот договор кој никогаш вистински не бил прифатен.

-Договорот веќе одамна е мртов и погребан, а со него и Македонија како држава исто така е мртва. Сите Албанци ја поддржуваат мојата идеја. Во границите на природна Албанија треба да влезат териториите на сегашна Албанија и Косово, половина Македонија, дел од јужна Србија со што границата ќе биде кај Ниш, неколку општини од Црна Гора како и грчката област Чемерија. Нема да дозволиме во ЕУ да влеземе како неоотомански вилает, туку во заедницата ќе се интегрираме како модерна држава, ги пренесува изјавите на Данај весникот „Курир”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.