Македонија е насилно вовлечена во НАТО

Руското министерство за надворешни работи, вчера, објавило соопштение во кое се вели дека Македонија е насилно вовлечена во НАТО воената алијанса, дополнувајќи дека таквите потези ги продлабочуваат поделбите и ги зголемуваат тензиите во Европа, јавува „Ројтерс“, пренесува НетПрес.

Лидерите на НАТО во средата се согласија да ја поканат Македонија да ги отпочне пристапните преговори за влез во Западната алијанса, проширувајќи го својот дострел на Балканот, а со цел да и’ се пркоси на Русија, по историски договор со Грција во врска со името на поранешната југословенска република.

Вовлекување на Македонија во НАТО на сила само го потврдува тоа дека политиката на „отворени врати“ стана сама по себе цел и алатка за контрола на геополитичка територија, било наведено во информацијата до јавноста на руското министерство за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.