Македонија е заробена држава во која цвета корупција

Потегот на Европската комисија за внесување на шест држави од западен Балкан во ЕУ се соочува со отпор од влијателните членови кои бараат повеќе акција за справување со криминалот, институционални реформи и билатерални спорови.
Франција, Холандија и Германија се меѓу земјите на ЕУ кои сакаат да наметнат построги барања, пред да се согласат со предлогот на Брисел за отворање разговори за пристап со Албанија и Македонија. Нивната загриженост се појави пред самитот на ЕУ и Западен Балкан утре во Софија, чија цел е подобрување на односите, пишува „Фајненшал тајмс“.

Од лидерите на ЕУ ќе биде побарано да одлучат следниот месец дали да започнат разговори за пристап, како што препорача комисијата.
Еден скептички дипломат на ЕУ изјави дека разговорите за приклучување изгледале „прерано”. Друг вели дека комисијата се чини дека „тргна малку понапред од музиката“ при проширувањето и ризикува да го поттикне евроскептичкото заплашување за криминалот и имиграцијата пред европските избори следната година.

Доволно сме загрижени кога станува збор за владеењето на правото, корупцијата и заробеноста на државата, рече тој за Албанија и за Македонија.

Тој морков (на членството) се’ уште е таму. Но, тие треба да ја завршат работата “.

Трет дипломат вели: „Напредокот е добар, но постојат криминални мрежи кои сé уште работат“.

ЕУ ги смета петте држави од поранешна Југославија, заедно со Албанија, како суштински за нејзината безбедност, за управување со миграцијата и геополитичката борба со Русија. Некои држави, особено понови членки на ЕУ, силно го поддржуваат понатамошното проширување. Комисијата сака самитот во Софија да помогне во отворањето на патот за шесте земји од Западен Балкан за пристапување во ЕУ со индикативен и амбициозен датум, 2025 година.

Црна Гора е во разговори за пристапување од 2012 година и Србија од 2014 година.

Но, Марко Кмезиќ, висок истражувач во Центарот за студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, вели дека значителен напредок кон пристапувањето бара „повеќе време и искрен ангажман“ од двете страни.

Наместо регионот да се среми кон ЕУ со демократијата и економската конвергенција, ние гледаме или стагнација во текот на изминатата деценија, па дури и губење на волја за тоа, вели  Кмезиќ, посочувајќи на зголемениот авторитаризм во некои западно балкански држави .

Ние забележуваме дека ЕУ всушност повеќе е заинтересирана за други работи – одржување стабилност во регионот и спречување на надворешни влијанија, било да е тоа Русија или Кина.

Членовите на ЕУ во голема мера ја прифаќаат логиката дека блиските врски со регионот се клучни за безбедноста на блокот. Затворањето на западно балканската миграциската рута ја олесни миграционата криза во Европа 2015-16 година. Проширувањето, исто така, ќе ја покаже виталноста на ЕУ доколку Велика Британија стане првата земја што ќе го напушти блокот, како што треба да се направи следната година.

Но, некои членки на ЕУ велат дека сé уште имаат потреба од повеќе докази за ефективноста на реформите наметнати од страна на водачите како што е Еди Рама, албанскиот премиер, кој вели дека неговата земја ја искоренува корупцијата во судството и се справува со криминалните мрежи.

Франција е најголем скептик за влегувањето на Балканот во ЕУ

Европските дипломати велат дека Франција е водечки скептик за проширувањето на Балканот. На денот кога комисијата предложи започнување разговори за пристап со Албанија и Македонија, претседателот Емануел Макрон рече дека ЕУ треба да го реформира своето внатрешно управување пред да додаде членови.

Балканските територијални спорови се уште една причина за загриженост на ЕУ. Брисел ги реши овие строги услови за приклучување, откако го виде дестабилизирачкото влијание на оспорената граница помеѓу Словенија и Хрватска, најновиот член во ЕУ, во 2013 година.

Грција, членка на ЕУ, технички е се’ уште во ерата на Втората светска војна со непријателства кон Албанија. Атина, исто така, одбива да го прифати правото на Македонија да го користи името. И двете несогласувања се приближија кон решавање и се приоритети на ЕУ, со премиерите на Грција и Македонија, кои треба да се состанат на маргините на самитот.

Друг проблем е што пет членки на ЕУ не го признаваат Косово, главно поради загриженоста околу тоа како се отцепи од Србија. Меѓу нив е Шпанија, каде што прашањето стана уште почувствително, со оглед на неодамнешното спречување на независноста на Каталонија.
Маријано Рахој, шпанскиот премиер, нема да присуствува на самитот.

Следниот месец ќе навршат 15 години откако членките на ЕУ објавија дека „иднината на Балканот е во рамките на Европската унија“.
Сега, во писмото пред самитот на лидерите на блокот од Доналд Туск, претседател на Европскиот совет, се зботува само само за „европска перспектива“ за регионот – и се тврди дека ЕУ е единствениот партнер кој вистински се грижи за неговата стабилност и дека нема да го третира како „геополитичка шаховска игра“.