Македонија една од ретките држави во светот која нема хералдички грб

Македонија е заедно во друштво со Мозамбик, Ангола, Северна Кореја и Русија кога станува збор за држави кои немаат хералдички грб во своите национални обележја. Историчарите и хералдичарите се единствени во мислењето, кое го поткрепуваат и со историски докази, дека обележјето на територијата на Македонија отсекогаш бил лавот без разлика дали е на црвена или жолта позадина. Тие велат дека промената на државниот грб требала да се случи многу порано.

Професорот Ванчо Ѓорѓиев ја објасни разликата помеѓу македонскиот и бугарскиот лав како грб на држава. Ѓорѓиев истакна дека за да се започне нешто ново најтежок е првиот чекор, тоа се случувало и во времето на пред Илинденското востание за поодоцна Македонија да ја добие својата независност. Ѓорѓиев додаде дека Македонија е една од ретките држави во светот и е во ист кош во Мозамбик, Ангола, Северна Кореја и Русија кои немаат национален грб според сите хералдички правила.

Разликата меѓу македонскиот и бугарскиот лав е во тоа што во времето кога се создавал бугарскиот грб тој во неколку писаниа бил објаснет како исправен жолтоогнен лав на црвено поле, а многу поети се решиле и за црн лав. Оттаму се додава дека црвениот лав на жолто поле всушност ја означува Македонија.

grbovi

Професорката Снежана Филипова, коосновач на Здружението на хералдичари, вели дека уште во 2003 година во Здружението е разговарано за промена на државниот грб на Македонија според хералдички правила. Таа додаде дека на сегашниот предлог е потребно да се направат неколку измени.

„Потребно е да се издолжи штитот и да се измени круна. На нејзиното место да се стави дијадема за да не дојде до забуна дека страува збор за грб на град, бидејќи муралната круна е карактерисична на градовите. Исто така, според мене, потребно е да се направи измена во погледот на лавот, односно тој да не биде свртен во профил, туку неговата глава да се постави фронтално“, рече професорката Филипова.

Иван Ацевски, пак истакна дека и во поновата историја се познати грбови со мурална круна.

„Овој вид на круна денеска можат да се најдат на државните грбови на Малта, во историјата на Втората Шпанска Република и Австија“, рече Ацевски.

Професорот Тони Филиповски, пак, направи разлика меѓу македонскиот, бугарскиот и српскиот грб. Главно обележје на српскиот грб е двоглавниот орел кој со текот на времето, како се менувале кралствата и статусите на република можел да се сретне во бела и црвена боја. Разликата пак меѓу македонскиот и бугарскиот лав е во тоа што бугарскиот низ минатото може да се сретне како на две, така и на четири нозе, а има разлика и во исправеноста. Исто така, разликата е и во тоа што кај бугарите има три лава, односно еден основен на штит, и двајца штитодржачи. Филиповски истанака и дека во времето на Видинското царство, грбот на Бугарија всушност бил воловска глава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.