Македонија економски лидер во регионот, медиуми од соседните земји против своите Влади

Хрватските медиуми објавуваат- Македонија со најубедливи бројки во Европа, а Хрватска речиси на дното.

Index.hr под ударен наслов „Хрватска има една од најрасипничките и најнеефикасните Влади на светот“, ги споредува податоцитеза состојбата со економскиот раст во земјите.

Во критички настроената анализа, со конкретни бројки, хрватскиот медиум ја напаѓа владата која премногу троши, а малку прави.

Во табеларните прикази, се чини единствена светла точка се податоците дадени за Република Македонија која се издвојува како лидер пред Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Италија.

Во слободен превод, Хрватите анализираат кои Влади се “расфрлаат“ со пари, земји во кои ништо не се прави, а многу се троши и најтранспарентни Влади.

Во сите овие сегменти, Хрватска е лидер во негативен, а Македонија во позитивен контекст.

indeks11

iindeks22

За ефикасност на Владата, Македонија добива оцена 3,9 далеку пред владата на Хрватска (2,5), Србија (2,6), Црна Гора (3,7), Италија (2,1), Унгарија (2,9), Словенија (2,7).

Македонската Влада е најтранспарентна во споредба со сите земји од поширокото опкружување. Висока оцена од 4,6 за транспарентноста во нашата земја. Хрватската Влада доби 3,3. Понатаму следат Црна Гора (4,4), Грција (3,4), Србија (3,6), Унгарија (3,4) и Албанија (4,0).

Во Македонија има најмалку корупција

kkorupcijataa